Secondary Navigation Menu

Изјава за приватност

Содржината на оваа интернет страна (понатаму во текстот "Интернет страна") е обезбедена од страна на БАЕР ДОО Љубљана - Претставништво Скопје. (понатаму во текстот Нас или Ние). За повеќе информации во врска со давателот на интернет страната, Ве молиме погледнете го нашиот Импринт.

 

Обработка на лични податоци

Во овој дел би сакале да Ве информираме на кој начин постапуваме со Вашите лични податоци при користењето на нашата интернет страна. Освен ако не е поинаку наведено во овој дел, законската основа за постапување со Вашите лични податоци произлегува од фактот дека таквото постапување е потребно со цел овозможување на функционалностите на интернет страната побарани од Ваша страна (Член. 10 став (1) алинеја 2) од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна („Службен Весник на РСМ„ бр. 42/2020 и 294/2021) (“Закон за заштита на личните податоци”)

 

Користење на интернет страната

Пристап до интернет страната

При внесувањето на името на нашата интернет страна, Вашиот прелистувач испраќа одредени информации до нашиот интернет-сервер. Тоа се прави поради технички причини со цел да Ви се обезбедат бараните информации. Со цел да Ви се олесни пристапот до интернет страната, се собираат следните информации кои се чуваат краток временски период и се користат соодветно:

  • IP-адреса
  • датум и време на пристапување
  • Разлика во временските зони споредено со средното време по Гринич (GMT))
  • Содржина на барањето (конкретна страница)
  • Статус на пристапот/HTTP статусен код
  • Обем на пренесени податоци
  • Интернет страната која побарала пристап
  • Прелистувач, јазични поставки, верзија и површина на оперативниот систем на софтверот за прелистување

Исто така, за да ги заштитиме нашите законски интереси, таквите информации ги чуваме ограничен временски период со цел следење на личните податоци во случај на неовластен пристап до нашите сервери или обид за неовластен пристап до нашите сервери (Член 10 став (1) алинеја 6) од Законот за заштита на личните податоци)

 

Поставување колачиња

Што се колачиња?

Оваа интернет страна користи т.н. „колачиња“. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат во меморијата на Вашиот терминален уред преку Вашиот прелистувач. Во нив се содржат одредени информации (на пример, Вашите јазични поставки или поставките за страната) кои прелистувачот (во зависност од животниот век на колачето) ни ги препраќа нам при наредната посета на нашата интернет страна.

 

Какви видови колачиња користиме?

Користиме два вида колачиња: (1) строго задолжителни колачиња, кои се клучни за функционирање на страната и на нејзината содржина односно без кои функционалноста на интернет страната ќе се намали и (2) изборни колачиња (аналитички колачиња, колачиња за таргетирање/целни колачиња, функционални колачиња) кои се користат за анализа на интернет страната, за цели на персонализација на сите посетители на оваа страна, како и за маркетинг цели.

 

Предмет на вашата согласност

Ние не користиме изборни колачиња без претходно да добиеме согласност од Вас (Член 10 став (1) алинеја 1) од Законот за заштита на личните податоци). При Вашата прва посета на нашата интернет страна, ќе се појави прозорец кој бара да се согласите за употреба на изборни колачиња. Откако ќе дадете согласност, ние ќе поставиме колаче на Вашиот компјутер и прозорецот нема да се појави повторно сè додека колачето е активно. По истекот на времетраењето на колачето или ако активно го избришете колачето, прозорецот повторно ќе се појави при следната посета на нашата интернет страна и повторно ќе побара Ваша согласност.

 

Како да се спречи поставувањето на колачиња

Се разбира може да ја користите нашата интернет страна и без да се поставуваат какви било колачиња. Во Вашиот прелистувач, може во секое време да ја деактивирате или ограничите употребата на колачиња. Сепак, ова може негативно да влијае врз функционалноста или леснотијата на користење на нашата интернет страна. Можете во секое време да го откажете поставувањето на опционални колачиња со користење на соодветната опција за приговор во Центарот за претпочитани опции за приватност/Privacy Preference Center.

 

Интернет-анализа со Google

На нашата интернет страна користиме услуга за интернет анализи од Гугл Инц./Google Inc., со седиште на 1600 Амфитеатар Парквеј, Маунтин Вју, ЦА 94043, САД/1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA („Google“).Google во наше име ќе ја анализира Вашата употреба на нашата интернет страна. За таа цел, меѓу другото, ги користиме колачињата подетално опишани во табелата погоре. Информациите собрани од Google во врска со Вашето користење на нашата интернет страна (на пример, типот на Вашиот оперативен систем, УРЛ-адресите на другите интернет страни што сте ги посетиле, Вашите параметри за јазик, резолуцијата на Вашиот екран) ќе бидат пренесени на еден од серверите на Google во САД, каде што ќе бидат складирани и анализирани. Резултатите од анализата ќе ги добиеме во анонимизирана форма. Вашите податоци за користењето нема да бидат поврзани со вашата целосна IP-адреса при овој процес. Ние на нашата интернет страна активиравме функција за анонимизирање на IP, обезбедена од Google, која ќе ги избрише последните 8 цифри (тип IPv4) или последните 80 бита (тип IPv6) од Вашата IP-адреса после секој пренос на податоци до Google.

 

Покрај тоа, со склучување на посебни договори со Google ние гарантираме одржување на адекватно ниво на заштита на податоците за време на обработката на податоците од Google во САД.

 

Може да ја повлечете Вашата согласност за употреба на интернет аналитика во кое било време со преземање и инсталирање на Google Browser Plugin обезбеден од Google или со администрирање на вашите согласности во Центар за претпочитани опции за приватност/Privacy Preference Center, во тој случај ќе се постави колаче за одбивање. И двете опции ќе спречат понатамошна употреба на интернет аналитика сè додека го користите прелистувачот на кој сте го инсталирале приклучокот и не го бришете колачето за одбивање.

 

Користење на формулари за контакт

Можете да не контактирате директно преку формуларите за контакт достапни на нашата интернет страна. Конкретно, може да ни ги дадете следните информации:

  • Име и презиме
  • Пол и својство во кое постапувате
  • Податоци за контакт (на пр. поштенска/адреса на е-пошта или телефонски број)
  • Порака

Ние ги обработуваме информациите обезбедени од Вас преку формулари за контакт исклучиво за обработка на Вашето конкретно барање. Ги бришеме овие информации штом повеќе не се потребни за да го обработиме или следиме Вашето барање.

 

Информации за несакани ефекти и поплаки за квалитет

Оваа интернет страна не е наменета или дизајнирана за комуникации во врска со несакани ефекти, недостаток на терапевтски ефект, грешки во лекувањето, производи од сив пазар/фалсификувани лекови, неправилна или незаконска употреба, поплаки за квалитет и/или други прашања во врска со безбедноста или квалитетот на производите на Bayer. Доколку сакате да пријавите несакани ефекти или да дадете поплака за квалитетот, ве молиме контактирајте го вашиот лекар или фармацевт, вашата локална здравствена служба, или преку нашата интернет страна пријавете несакани ефекти.

 

Ако сепак нѐ известите за несакани ефекти или други прашања во врска со безбедноста или квалитетот на производите на Bayer, ние сме законски обврзани да ја процесираме вашата комуникација и можеби ќе треба да Ве контактираме со цел да се појасниме, доколку има нешто нејасно. Потоа, можеби ќе треба да ги известиме надлежните здравствени власти за прашањата што сте ги пријавиле. Во овој контекст, Вашите информации ќе бидат препратени во псевдонимизирана форма, т.е. нема да се пренесат информации со кои би можеле да бидете директно идентификувани. Ние, исто така, може да ги пренасочиме овие псевдонимизирани известувања до нашите групации и партнери за соработка, до степен до кој тие, исто така, се должни да ги известат своите соодветни надлежни здравствени власти.

 

За дополнителни информации поврзани со приватноста на податоците, прочитајте:

 

Информации за Вашите права

Следниве права генерално Ви се достапни според важечките закони за приватност на податоците:

 

  • Право на информации за Вашите лични податоци сочувани од наша страна и дали истите се предмет на употреба според целите за кои се собрани;
  • Право да барате корекција, бришење или ограничена обработка на Вашите лични податоци;
  • Право на приговор на обработка поради наш легитимен интерес, јавен интерес или профилирање, освен ако не можеме да докажеме дека постојат убедливи, оправдани причини кои ги заменуваат вашите интереси, права и слободи, или дека таквата обработка е направена за целите на тврдењето, остварувањето или одбраната на правните барања;
  • Право на преносливост на податоците (да се обезбеди со вашите информации во структуриран и лесно читлив формат);
  • Право на поднесување барање/приговор до органот за заштита на податоци, односно Агенција за заштита на лични податоци на нејзината регистрирана адреса: бул. Гоце Делчев бр. 18, кат 14, Скопје, Северна Македонија или на е-пошта: info@privacy.mk;
  • Можете во секое време со иден ефект да ја повлечете својата согласност за обработка на Вашите лични податоци.

 

За повеќе информации, Ве молиме погледнете ги поглавјата погоре што ја опишуваат обработката на личните податоци врз основа на Вашата согласност. Доколку сакате да ги остварите Вашите права, доставете го Вашето барање на формуларот за контакт или обратете се до нашата канцеларија на седиштето наведено подолу.

 

Контакт

За какви било прашања во врска со приватноста на податоците, ве молиме испратете е-mail на формуларот за контакт даден подолу или контактирајте го нашиот офицер за заштита на личните податоци на на следнава адреса:

 

Офицер за заштита на лични податоци

 

Баер ДОО Љубљана-Претставништво Скопје,

Антон Попов бр. 1, ламела 2, мезанин, локал 4, Кисела Вода/Скопје,

1000 Скопје

Р. Северна Македонија

или преку електронска пошта: data.privacy@bayer.com

 

Измени на оваа изјава за приватност

Од време на време оваа Изјава за приватност може да биде изменета и/или дополнета. Измените и/или дополнувањата на нашата Изјава за приватност ќе бидат објавени на нашата интернет страна. Сите измени стапуваат на сила по нивното објавување на интернет страната. Затоа препорачуваме редовно да ја посетувате нашата страна за да бидете информирани за можните измени и/или дополнувања.

 

Последно ажурирање: 09.09.2022 година